Пребегнатиот експремиер

Унгарските власти му дозволиле на Груевски да поднесе барање за азил, „од безбедносни причини“

Поранешниот македонски премиер ја искажал својата намера да поднесе барање за статус на бегалец во Унгарија, според официјалното соопштение на канцеларијата на унгарскиот премиер.

Никола Груевски го поднел барањето за азил до надлежниот унгарски орган, се вели во соопштението. Поранешниот премиер на Македонија ја искажал својата намера да поднесе барање за статус на бегалец во Унгарија. Со оглед на тоа што тој десет години беше премиер на својата земја, унгарските власти од безбедносни причини му дозволиле на Груевски да поднесе барање за азил и да биде слушнат во седиштето на Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта.

Канцеларијата за имиграција и азил ќе ја спроведе процедурата за проценување на барањето во согласност со унгарското и меѓународното право, објавија унгарските медиуми.

Македонија е стратегиски партнер и важен сојузник на Унгарија, се вели во соопштението. Добрата соработка меѓу двете земји е важен камен-темелник за развојот на балканскиот регион и безбедноста на Европа. Македонската влада ѝ е партнер на Унгарија во меѓудржавните односи и затоа ние во никој случај не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на суверените земји и процената на барањето на поранешниот македонски премиер за азил ја сметаме за чисто легален проблем, се вели во соопштението на унгарските власти.

Според унгарскиот закон, унгарските власти нема да даваат дополнителни информации во врска со деталите за постапката за азил пред да заврши постапката.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе