Нема мир

Унгарските медиуми го „ловат“ азилантот Груевски, овојпат го начекале во трговски центар

Унгарскиот портал 444.ху вчера објави видео снимка од поранешниот македонски премиер, сега азилант Никола Груевски, како се шета во трговскиот центар ВестЕндСити, кој што се наоѓа во центарот на Будимпешта, на популарната улица Ваци.

Порталот објави дека поранешниот премиер осуден за корупција „мирно се шетал во саботата навечер, кога трговскиот центар почнал да се празни, а продавниците да се затвораат“.

Инаку, Груевски побегна во Будимпешта во ноември минатата година, за да го избегна издржувањето на двегодишната затворска казна во случајот „Тенк“.

Минатиот месец Груевски исто беше снимен во ресторан во Будимпешта, во друштво на вработени од македонската Царина. 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе