Унгарскиот кандидат Вархелји не го помина тестот за еврокомесар за проширување

Европратениците не се задоволни од настапот на кандидатот за комесар за проширување, Оливер Вархелји, пренесуваат од комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент, каде кандидатот беше сослушан утрово.

Како што јавува МИА од Брисел, 30 европратеници гласале за него, а 36 биле против, со што неговата кандидатура не е одобрена. Сега следуваат дополнителни прашања во писмена форма до кандидатот, со што му се остава уште една прилика на кандидатот да ги убеди скептичните пратеници.

Групата на Зелените веднаш по сослушувањето соопшти дека ќе гласа против него, бидејќи оцени дека Вархелји не дал доволни гаранции дека ќе биде независен од владата на Виктор Орбан. Ним им се придружија и неколку пратеници од редовите на социјалдемократите, на либералите, и на радикалната левица, а Вархелји има време до понеделник да одговори на прашањата. Доколку повторно европратениците не бидат задоволни може да биде закажано второ сослушување.

Скептичните пратеници сметаат дека Унгарија не треба да управува со ресорот проширување поради слабостите во владеењето на правото во оваа земја.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајн сака нејзината комисија да почне со работа на први декември.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе