„Скандал без преседан“

Унгарската опозиција го повика Орбан да го екстрадира Груевски: „Местото му е зад решетки“

Унгарските опозициски партии ја повикаа унгарската влада да го уапси и брзо да го екстрадира поранешниот македонски премиер што бара азил во Унгарија.

Унгарската националистичка партија Јобик, како и левичарските партии како Дијалог и Демократска коалиција, денеска порачаа дека на Груевски треба да му биде одбиен азилот и дека тој треба да биде екстрадиран во Македонија.

Пратеникот и портпарол на Јобик, Адам Миркоцки, ја нарече ситуацијата „скандал без преседан“, велејќи дека Груевски е „баран криминалец“ од земја што не е во војна и дека не бил прогонуван од верски или политички причини.

Ричард Барабас, портпаролот на партијата Дијалог, рече дека на Груевски местото му е зад решетки.

Никола Груевски избега од Македонија пред да почне да ја отслужува двегодишната затворска казна за корупција.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе