Се бара и уривање на дивоградбите

УНЕСКО: Охрид од природно и културно наследство, станува загрозено светско наследство

УНЕСКО предложи Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство и бара уривање на дивоградбите. УНЕСКО препорачува да се направи проценка на нелегалните градби и да се утврди нивното влијание на заштитеното подрачје и потоа да се срушат сите кои претставуваат опасност за подрачјето.

Сегашниот статус на Охрид е природно и културно наследство, а сега УНЕСКО предлага Охрид да влезе на листата на загрозено светско наследство.

Главниот проблем, според УНЕСКО, е недоволниот напредок во решавањето на проблемите и потенцијалната опасност од постојаните закани од големите инфраструктурни и развојни проекти

„Малку е направено во примената на приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година... Државата не го информира редовно Комитетот за светско наследство за проектите и активностите што се предвидуваат и реализираат во заштитеното подрачје... Несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој предизвикан од силен притисок од туризмот“. Ова се дел од заклучоците на УНЕСКО.

Овој извештај треба да биде разгледан на конференцијата на Комитетот за светско наследство во Баку од 30 јуни.

УНЕСКО од Македонија бара да донесе решение за мораториум на какви било урбани трансформации на брегот на Охридското Езеро сè додека не се финализираат и усвојат ефективни законски решенија за заштита и механизми за нивно спроведување.

Државата има рок до 1 февруари 2020 до Комитетот за светско наследство да достави дополнет извештај за конзервација на подрачјето за да биде прегледан на конференцијата во 2020 година.

УНЕСКО во извештајот со жалење констатира дека малку е направено за имплементација приоритетните препораки на мисијата на УНЕСКО од 2017 година.

Она што е главно во извештајот од 2017 година и сега е дека УНЕСКО забележува дека подрачјето останува погодено од несоодветна градба со несоодветно урбано развивање и експлоатација на брегот, зголемено загадување, нарушување и уништување на животната средина и неконтролиран урбан развој предизвикан од силен притисок од туризмот.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе