„Ултиматум, не благодарам“

Деветти ден протести против францускиот предлог (ФОТО)

Под мотото „Ултиматум, не благодарам" вечерва пред Владата продолжија протестите против францускиот предлог.

 

Учесниците предводени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица со македонски знамиња и транспаренти од Владата се упатија кон Министерството за надворешни работи, а крајна дестинација е Собранието.

Протестите се одржуваат секој ден во 19 часот, освен во петокот, кога незадоволството беше искажано преку блокади во Скопје и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп.

Протестот не се одржа ни во саботата поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам. 

 

Фото: Роберт Атанасовски

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе