Украдено знаме со 16-зрачното сонце пред Македонскиот конзулат во Мелбурн

Грчките „ултраши“ го украле знамето со 16-зрачното сонце пред Македонскиот конзулат во Мелбурн?

„На јарболот наменет за македонското знаме пред Македонскиот конзулат во Мелбурн повеќе денови нема ништо. Последно на него се вееше „империјалното“ македонско знаме (со сонцето од Кутлеш што Република Македонија го имаше за државно во периодот 1992/95), но ниту него повеќе го нема. По само една вечер мистериозно е исчезнато. А за тоа кој го зел во подножјето на празниот јарбол има оставен потпис - налепница од „Ultras Hellas“.
На 8 септември - Денот на независноста на Република Македонија - пред македонскиот Конзулат во Мелбурн се одржа протест при кој беше симнато државното македонско знаме (официјално од 1995 наваму) и заменето со знаме со сонцето од Кутлеш. Неколку десетици македонски патриоти од тукашното иселеништво се собраа да го искажат својот револт против националните понижувања кои ги трпат Македонците под децениските уцени: од промената на знамето до промените во Уставот и државното име. Тие никогаш нема да ги прифатат овие промени. Затоа беше и симнато од јарболот државното македонско знаме и заменето со „империјалното“. Покрај ова беа запалени картонските ликови на премиерот Заев, на вицепремиерката Шеќеринска како и знамињата на Грција, Бугарија и Албанија.
Симнатото државно знаме по протестот исчезна, па полицијата сега го истражува овој случај како дипломатски скандал. Се јави и Бугарската амбасада во Австралија која побара од мелбурншките власти да се повикаат на одговорност палачите на нивното знаме.
Сега гледаме дека „уптилно“ реагирале и Грците, кои го симнале и одзеле знамето со 16-кракото сонце“, пишува на Фејсбук страната на (Australian Macedonian Weekly & Today)

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе