ДИК до крајот на неделава треба да почне со вкрстувањето на податоците со дата базите на десетина институции како дел од процесот на прочистувањето на избирачкиот список.
УЈП денеска информира дека размената на податоци со ДИК е веќе почната. ДИК ги чека податоците и од другите надлежни институции. При вкрстувањето на податоците како основна ќе се користи базата на МВР.
Од Народната банка информираат дека активно работат на подготовка на базите за податоци и дека за тоа да се случи ќе треба да се потпише договор за размена на податоците со ДИК. Во моментот кога ДИК ќе го потпише договорот ќе бидат испорачани податоците, велат од НБРМ и потсетуваат дека оваа размена на податоците мора да биде во склад со Законот за Народната Банка, Законот за банките и Законот за заштита на личните податоци.
ДИК веќе ги избра информатичарите кои заедно со меѓународниот експерт кои ќе го спроведат вкрстувањето на податоците од десет државни институции како дел од прочистувањето на избирачкиот список.