Афера „Двојник“ или „Мафија“

Ударната тројка на наркокартелот на Дарко Шариќ има македонски пасош со украдени идентитети

Жељко Бојаниќ, Милан Миловац и Петар Чошиќ, најблиските соработници на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот, од 2019 користат македонски пасоши со украден идентитет. Бојаниќ имал дури два македонски пасоши, еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Тројцата, Бојаниќ, Миловац и Чошиќ, беа опфатени со меѓународната операција на американската агенција ДЕА позната како Балкански ратник во октомври 2009 година и со меѓународната операција ДОГМА од 2011 година. Сето ова за никого во македонското МВР не претставувало проблем да им се издаде македонски пасош.

Жељко Бојаниќ црногорските медиуми го прогласија за најбараниот криминалец во Европа. Една од меѓународните потерници по него беше издадена од Интерпол на Словенија за трговија со дрога. Сепак, на 8 јули 2019 година Бојаниќ добива македонски пасош со украден идентитет на Спиро Аговски, а два месеци подоцна, на 25 септември, му бил издаден уште еден македонски пасош со украден идентитет на име Јордан Белчев. На два пати, Бојаниќ во некоја од канцелариите на управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи се фотографирал, оставал отпечаток на прст и добил два пасоши со две различни имиња. Дури на 2 март 2021 година е откриен неговиот вистински идентитет.

Жељко Бојаниќ беше еден од најдоверливите луѓе на Дарко Шариќ, познатиот балкански наркобос. Бојаниќ беше задолжен за транспорт на кокаин од Јужна Америка кон Европа со користење мегакрузери и перење пари од трговијата со кокаинот со вложување во недвижнини.

Словенечката полиција открива дека Бојаниќ, заедно со австрискиот државјанин К.Т. и група непознати лица, во периодот од 26 септември 2014 година до 28 јуни 2015 година учествувал во меѓународната трговија со кокаин во Словенија, Бразил и Австрија. По ова била издадена меѓународната потерница од Интерпол Словенија.

Петар Чошиќ, со прекар Шарац, е еден од главните оперативци на Шариќ. Тој како хрватски државјанин на 6 август 2019 година во 8.29 часот поднел барање, се фотографирал, оставил отпечаток од прст во една од канцелариите на управните служби на македонското МВР и за само 9 часа, во 17.24 часот, си го зел македонскиот пасош со украден идентитет на Димитар Адамов. Лани на 27 февруари полициската управа на Црна Гора ги известила хрватската и македонската полиција дека Петар Чошиќ користи македонски пасош со идентитет на Димитар Адамов.

Чошиќ во мај 2011 година беше уапсен од ДЕА во меѓународната операција Догма водена поради сомневањата за префрлање големи количества кокаин од бразилското пристаниште Сантос до пристаништето во Валенсија, Шпанија. Во акцијата Догма, која траеше од крајот на 2008 година, учествуваа полициите на Хрватска, Шпанија, Чешка, БиХ и Холандија.

Милан Миловац, со прекар Цигла, хрватски државјанин по кого Интерпол Белград од 2010 година распиша меѓународна потерница за трговија со дрога, на 16 јули 2019 во 13.58 часот поднел барање за македонско државјанство, се фотографирал, а наредниот ден службеници на македонското Министерство за внатрешни работи му го предале македонскиот пасош со украден идентитет на Газменд Даути. На 26 февруари 2021 е откриен неговиот идентитет. Еден месец претходно, на 12 јануари, Цигла бил ликвидиран во Еквадор.

Дарко Шариќ

Милан Миловац, инаку кум на Дарко Шариќ, беше осуден на 11 години затвор за организирање шверц на 5,7 тони кокаин во текот на 2008 и 2009 година од Латинска Америка во Европа. Тогаш Дарко Шариќ беше осуден на 15 години затвор. Цели 12 години, од 2009 година, кога почна меѓународната операција Балкански ратник, за Милан и неговите активности не се знаело ништо. Според податоците од безбедносните служби, Милан по апсењето на Дарко Шариќ, од 2014 година, го презема управувањето со најголемиот балкански наркокартел.

Едни од најбараните криминалци во Европа, луѓе што тони кокаин прошверцувале од Јужна Америка во Европа, лица со потерници од Интерпол, без проблем во 2019 година добиваат македонски пасош. За ова, во аферата „Двојник“ во Македонија се осудени 11 лица, од кои девет службеници во македонското МВР се осудени, а најстрогата казна е три години затвор.

А.Д.

Сенар Елтер - за Турција терорист, за македонското МВР македонски државјанин со украден идентитет

Познат разбојник од Албанија со меѓународна потерница без проблем извадил македонски пасош со украден идентитет 

Војната меѓу клановите Кавачи и Шкаљари се водеше со македонски пасоши со украдени идентитети

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

ВМРО-ДПМНЕ: Балкански мафијашки босови легално си добивале македонски пасоши со помош на Заев и Спасовски

 

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе