Реакција на Здружението на ветерани на војната - ОНА

УЧК: Срамота од Груби и Буши - „Тигрите“ беа формирани за да убиваат Албанци!

Здруженето на ветерани на војната на расформираната ОНА (УЧК) го осуди вчерашното присуство на првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ (како партија произлезена од ОНА) Артан Груби на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната полициска единица „Тигри" и оддавањето почит пред споменикот на загинатите припадници на единицата. Најпрво медиумите забележаа дека Груби не се поклони иако застана „мирно" пред споменикот, но самиот потоа изјави дека оддал почит со самото свое присуство. ОНА го осуди и присуството на заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Во соопштението на ветераните од ОНА испратено до медиумите на албански јазик и кое е во форма на писмо директно адресирано до Артан Груби и Назим Буши, се нагласува дека специјалната единица „Тигри" пред 40 години била формирана за да се придружи кон останатите српски единици во сузбивање на студентскиот бунт во Косово.

„На 8 септември, Република Северна Македонија ќе ја прослави 30-годишнината од основањето како демократска држава, а вчера беше одбележана 40-годишнината од формираањето на специјалната единица 'Тигри'. Можеби помладата генерација не знае, но вие сте од таа генерација која сигурно се сеќава кој и зошто ја формираше оваа единица. Во март 1981 година, неколку дена откако започнаа студентските демонстрации на Косово, беше донесена одлука од Централниот комитет на Комунистичката партија на Југославија итно да се формира специјална единица за да се спречи револуционерниот дух на Албанците, да се запре ширењето на демонстрациите и физички да се ликвидираат извршителите на 'албанскиот национализам, иредентизам и сепаратизам'. Припадници од редовите на 'тигрите', имаат голем удел во насилството врз диференцираните албански наставници, во апсењетото на стотици ученици, во убиствата на Реже Мале, Нухи Бериша, во фрлањето отровни бомби", му порачува Здружението на Груби.

Потоа, во реакцијата на ова Здружение Артан Груби се потсетува и на тетовски и гостиварски настани од деведесетите години.

„Истата специјална единица интервенериаше во настаните поврзани со тетовскиот универзитет и го уби Абдиселам, истата специјална единица го силуваше нашето национално знаме убивајќи, апсејќи и малтретирајќи Албанци во настаните во Гостивар. Истата специјална единица ги уби и нашите соборци. Со какво лице имаат ли совест овие луѓе? !!! Едниот вицепремиер, а другиот заменик. Министрите на кои ОНА и ОВК им е секогаш во устата кога зборуваат, а денес се поклонија пред 'волци и кучиња', прифаќаат да бидат лојален декор. Се поставува прашањето, кои луѓе ги претставуваат Артан Груби и Назим Буши, чии интереси ги штитат, облеани со албанска крв? На кого му служевте во 2001 година?", се вели на крајот од реакцијата.

Инаку, Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, кој пријде, но не се поклопни пред Споменикот на загинатите припадници на „тигрите", на медиумите им изјави дека присуствувал на церемонијата од почит и затоа што по 20 години од Охридскиот договор време е за целосно помирување.

„Тенденциозни се обвинувањата на моја сметка. Да не сакав да одадам почит, немаше да присуствувам како член на владината делегација", рече Груби.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе