ОБРАЗОВАНИЕ

Учебници за создавање поданици, а не граѓани

Бакнување рака на повозрасните е изразување на почит кон авторитет, а лојалните граѓани се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи, пишува во учебникот за осмо одделение по граѓанско образование.

Какви генерации се воспитуваат, каква ќе биде државава кога тие ќе дојдат на возраст да ја водат и одлучуваат за неа, се дел од прашањата што се поставуваат откако во јавноста се открија некои спорни содржини од учебникот за осмо одделение по граѓанско образование, јавува Радио слободна Европа.

Во него, меѓу другото се наведува дека бакнување рака на повозрасните е изразување на почит кон авторитет, а исто спорно објаснување има и за лојалните граѓани. Имено, младите учат дека таквите граѓани секогаш се подготвени да ги следат правилата и прописите во општеството и по цена да мораат да се откажат од своите слободи.

Несомнено власта преку Министерството за образование, кое е најодговорно, се обидува од младите да направи поданички ориентирани граѓани, вели професорот од средното економско училиште во Тетово, Љатиф Исмаили. Сепак, тој е убеден дека тоа нема да има сериозно влијание врз младите.

Јас не верувам дека младите генерации ќе го прифатат тоа. Ние и ден денеска се соочуваме со такви проблеми, децата и младите, средношколците на пример, се подготвени да реагираат на одредени невистини. Владата можеби сака да направи проба како тоа ќе се реализира, но младиот свет нема тоа да го прифати зашто се коси со демократските вредности“, вели Исмаили.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски, пак, вели дека токму во тој период младите се формираат како личности.

Сигурно дека ќе влијае во таква насока, посебно како што гледаме и во современите услови со намалувањето на просторот за јавна расправа којшто практично исчезна, падот на слободата на медиумите во драстична мерка итн., сигурно дека тоа ќе биде негативно во истата таа насока“, вели Новковски и нагласува и дека кога се воведувало граѓанското образование како предмет, целта била сосема спротивна од она што денес го пишува во учебниците.

Ова е очигледно спротивно на концептот на граѓанското образование којшто беше воведен. Не е јасно зошто некој би се занимавал со такви работи, со такво формулирање на овие основни принципи на граѓанското општество“, вели Новковски.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе