„Тврдокорни“ со повик за граѓанска непослушност

Граѓанските здруженија „Тврдокорни“, Светскиот македонски конгрес, „Преродба“ и Македонски обединети сили објавија повик за граѓанска непослушност како средство за спротивставување на, како што вела, „политичкото насилство врз македонскиот народ“.

„Во услови на сеопшти напади за разграбување на македонската државност ги повикуваме сите Македонци и пријатели на македонскиот народ на секое место низ разни облици на граѓанска непослушност да го одбраниме својот дом и да ја одбраниме скапо платената македонска државност“, пишува во нивното соопштение.

Кампањата за граѓанска непослушност, како што велат овие здруженија, „се води против внатрешните сили, како партии, организации, така и поединци кои вршат дејства во спроведување на плановите за разнебитување на македонската нација“.

„Сите оние кои во таканареченото Собрание ќе гласаат за навестените антимакедонски закони ќе бидат сметани за непријатели на македонскиот народ. Посебно родените како Македонци кои ќе гласаат за законите како што е законот за јазиците со кој се воведува франкештајнска досега невидена двонационална држава, Договорот за добрососедство со Република Бугарија со кој македонската историја, а со тоа и македонската нација се третираат како бугарски и Планот 3-6-9 со кој се напаѓаат моралот и здравата духовна култура на македонскиот народ. И на крај договарањата за името со кој македонското име во меѓународните односи му се предаваат во сопственост на јужниот сосед. Сите пратеници кои ќе учествуваат во гласањето на овие антимакедонски закони ќе бидат сметани како изроди од македонскиот народ“, стои во повикот.

Здсруженијата, како што се додава, го повикуваат секој Македонец и сите пријатели на Македонците да прекинат какво било деловно или приватно општење со личностите и организациите кои учествуваат во предавничките договорања.

Во соопштението уште се вели дека во наредните денови, недели, месеци на пошироката јавност ќе ѝ даваат насоки за начините на изразување на граѓанската непослушност.

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе

Сознанијата за степенот на местенки во судството неминовно го наметнува прашањето дали има местенки и во високото образование.

повеќе

Посебно на Балканот не може да се зборува за чисто етничко-конфесионални, етничко културни или строго етнички омеѓени заедници.

повеќе