ПРОТЕСТ со ултиматум до власта

Тврдокорни, СМК и Македонски манифест: Повлечете го законот за јазици или ќе бараме референдум

Здружението „Тврдокорни“, „Македонски манифест“, Светскиот македонски конгрес, здружението „Преродба“ и граѓанската иницијатива против законот за употреба на јазиците ја повикаа власта да го повлече законот за јазици, зашто во спротивно тие ќе иницираат референдум. 

„Законот за двојазичност е крај за македонскиот карактер на државата на Македонците“, порачаа вечерва учесниците на протестот што се одржа пред Собранието.

Тие ги повикаа ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да внимаваат како гласаат за законот за јазиците, бидејќи, како што рекоа, настаните од 27 април оставиле трауми и додека едни аплаудирале, други со насилство ја зеле власта, а трети како колатерална штета завршиле во „Идризово“.

„Денес се сoбрaвме дa јa брaниме Македонија од предaвниците и од тие внaтре вo Сoбрaниетo. Утре ќе се придружaт и пaтриoтските здруженијa. Зaкoнoт зa јaзиците е неустaвен, јa редефинирa држaвнoстa, јa дестaбилизирa земјaтa и, зa жaл, се упoтребувa зa избoрите“, порача на протестот Тoдoр Петрoв.

Тој соопшти дека Светскиoт мaкедонски кoнгрес бaрa Влaдaтa дa гo пoвлече предлoг-зaкoнoт, а aкo тој сепак се дoнесе, шефот на државата Ѓорге Иванов дa не гo пoтпишува, бидејќи во спрoтивнo ќе сoбирaат пoтписи oд 150.000 граѓани за одржување референдум или ќе поднесат иницијaтивa дo Устaвен суд.

Според претставници на здружението Тврдокорни, двојазичноста не е само губење на македонскиот карактер на државата, туку и прикриен, тивок, но сигурен културен геноцид врз македонската нација.

„Половина од сите нас кои го читаме овој текст нема да бидеме на овој свет после 30 години, но другата половина ќе страда од последиците од овој закон за двојазичноста“, порачаа тие.

Протестот помина мирно, без никакви инциденти. 

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе