Туск денеска во Скопје на средби со Пендаровски и Заев

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска за време на посетата на Македонија ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Околу пладне предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск.

Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

„Лично верувам дека е можна само една одлука – почнување на преговорите со Северна Македонија и со Албанија за членство во ЕУ според препораката на Европската комисија“, оцени Туск во јуни,  на прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски за време на неговата посета на Брисел.

„Како претседател на Европскиот совет не сакам да прејудицирам. Направивте сѐ што се очекуваше од вас, но да бидам искрен – не сите земји членки на ЕУ се подготвени да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во наредните денови. Прашањето е не „дали“, туку „кога“ ќе почнат. Внимателен сум за ова прашање бидејќи знам дека некогаш постигнувањето консензус меѓу 28-те земји членки трае подолго отколку што јас би сакал. Но, нема сомневање дека местото на вашата земја и на регионот е во ЕУ“, рече Туск.

Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе