Анкара

Турција e 19-та земја која го ратификуваше протоколот за членство во НАТО на Македонија

Народното собрание на Република Турција синоќа го ратификуваше протоколот за членството на Македонија во НАТО.

„Благодарност до Турција за вечерашната ратификација на нашиот НАТО протокол! teşekkür ederim“, објави синоќа на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Ратификацијата на Протоколот на Твитер ја потврди и шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО Осман Ашкин.

„Големото Народно собрание на Турција го комплетираше ратификациониот процес на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Како и досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во евроатлантскиот-интегративен процес“, напиша Ашкин на Твитер. 

Досега 19 од 29 држави го ратификуваа Протоколот и дадоа зелено светло за пристапување на нашата земја во НАТО Алијансата. 

 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе