Турција донираше 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата

Турскиот амбасадор во земјава, Хасан Мехмет Секизкок денеска во скопската касарна „Илинден“ ѝ предаде на министерката за одбрана Радмила Шекеринска донација за армијата од нови 7.400 комплети гортекс униформи. Таа најави дека веќе е завршена набавката на втора нова борбена униформа за сите припадници, финиширана е свечената униформа за припадниците на Армијата, а обезбедна е и нова АБХ опрема и спортска опрема за сите припадници на Армијата.

Според Шекеринска, со оваа донација, секој припадник на Армијата се обезбедува целосна опременост, со што, како што рече, можеме гордо да кажеме дека македонската aрмија е опремена aрмија. Освен основната опрема, припадниците на Армијата ќе добијат и одело гортекс што овозможува живеење, вежбовни активности и операции во секакви временски услови.

Ова, како што рече Шекеринска, е само мал дел од поддршката што Турција ја дава, а соработката не се однесува само на дискусии околу безбедноста и на политички пораки, дури не ги опфаќа и само заедничките учества во операции, туку тоа значи и учество и соработка на вакви важни проекти за македонската армија.

„Во изминатите години во нашата политика за приклучување во НАТО, Турција беше гласен и постојан сојузник, беа присутни на состаноците со Алијансата со пораки за поддршка за нашата држава и истакнуваа дека стабилноста на регионот може само да порасне доколку се приклучиме во НАТО. Поддршката не се сведуваше само на политички пораки, туку во сите години изминати соработката подразбираше и поддршка во напорите за модернизација и за опремување на Армијата“, изјави Шекеринска по примопредавањето на донацијата.

Aмбасадорот Хасан Мехмет Секизкок, пак, кажа дека соработката помеѓу нашите земји што се базира на сигурни темели, ќе продолжи да се развива во сите области и во наредниот период. Турција како напредна земја во областа на одбранбената индустрија, рече тој, ќе продолжи да дава секаков вид поддршка при модернизацијата на војската на РС Македонија.

„Моќните врски на военото поле го потврдуваат фактот колку обострано си посветуваме внимание за нашата безбедност. Конечното зачленување на Македонија во НАТО пред една година, членство што долги години го заслужуваше ќе овозможи уште помоќно вкоренување на заедничките вредности на Алијанста низ Балканскиот регион“, изјави  амбасадорот Секизкок.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе