Тупанчески: Решивме да се донесе комплетно нов Кривичен законик

Во текот на денешниот ден, најдоцна утре на Електронскиот национален регистар на прописи – ЕНЕР ќе биде прикачен еден прилично значаен законски текст, односно драфт-верзија на Кривичниот законик, информира министерот за правда Никола Тупанчески на денешната прес-конференција.

Тој појасни оти станува збор за еден од позначајните законски текстови и акти.

„Решивме концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив, да се донесе комплетно нов Кривичен законик, кој ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење во државата“, појасни Тупанчески.

Додаде дека била формирана помала група, прво во септември 2019 година, а потоа уште една во декември 2020 година, којашто, според него прилично напорно работеше интензивно во изработка на Кривичниот законик.

Покрај претставници од Министерството за правда, во рамки на групата со околу 40 членови учествувале и претставници од акамедската заедница, професори, претставници од невладиниот сектор, претставници од Јавното обвинителство, судството, МВР и сите засегнати страни кои можат да дадат придонес во однос на подготовката на новиот Кривичен законик. Тупанчески посочи дека и меѓународниот фактор има значаен импакт во изработката.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе