Тупанчевски доби писмена опомена, но не и казна од Грковска за односот кон јавноста за патувањето во Палермо

Писмена опомена, а не казна, доби вчера министерот за правда Никола Тупанчевски од вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска за случајот со патувањето во Палермо на фудбалски натпревар на туѓа сметка.

Откако Тупанчевски ѝ ги доставил податоците што ги побарала, Грковска му испрати писмена опомена поради односот кон јавноста, но не и за примањето подароци и делот поврзан со патувањата, кои исто така се врзуваат со Етичкиот кодекс.

„Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчевски ги достави, заменик-претседателката Грковска констатира дека не е постапено во согласност со одредбите пропишани во Кодексот, при што, меѓу другото, укажува дека во согласност со член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција“, велат од кабинетот на Грковска.

Тупанчевски заедно со судијата Лазар Нанев и обвинителката Фатиме Фетаи во Палермо си го платиле сами спиењето, додека патот и билетите биле на сметка на ФФМ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе