Љубљана

Тупанчески се сретна со Емилија Стојменова-Дух, министерка за дигитализација на Словенија

Министерот за правда на Македонија Никола Тупанчески во Љубљана се сретна со министерката без ресор задолжена за дититализација, Емилија Стојменова Дух. Стојменова која по потекло е од нашата држава изрази подготвеност да ни помогне во процесот на реализација на дигитализацијата во судската и обвинителската дејност.

Тупанчески ја информираше Стојменова за  дигитализацијата во нашиот судски систем кој ќе биде предизвик за отстранување на факторите кои доведуваат до криминал и корупција. Нагласена беше потребата од интероперабилност и поголемо дигитално поврзување на институциите. Стојменова го пренесе искуството на Словенија во оваа област нагласувајќи дека Центарот за информатика во Врховниот суд има голема улога во имплементацијата на целиот процес .Тупанчески и Стојменова-Дух се договорија да се интензивира соработката меѓу двете држави во пресрет на преговарачкиот процес со ЕУ, соопшти Министерството за правда.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе