Претставниците на ОБСЕ/ОДИХР беа информирани дека и покрај фактот што ВМРО ДПМНЕ се уште нема делегирано свој член, работната група ќе се конситуира во најскоро време, а поканата за учество останува и натаму отворена.
„Изборниот законик може да се донесе само низ дијалог и консензус на сите засегнати страни. Во него мора да бидат внесени сите досегашни препораки кои ОБСЕ/ОДИХР ги имаа во изминатите изборни циклуси“, истакна Тупанчески.
Експерите од ОБСЕ/ОДИХР изразија подготвеност да го поддржат целиот процес на изработка на новиот Изборен законик.