Тројцата претседателски кандидати од понеделник ја почнуваат кампањата за изборите

В понеделник, на 1 април, Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и Блерим Река ја почнуваат кампањата за шестите претседателски избори.

Силјановска-Давкова е претседателски кандидадат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Стево Пендаровски на СДСМ и коалицијата, а Блерим Река на Алијанса на Албанците и движењето Беса.

Кампањата за претседателски избори ќе трае до 19 април, по што следува 24-часовен изборен молк, пред денот на гласањето.

Според најавите од изборните штабови, кандидатите ќе ги посетат речиси сите населени места, ќе имат средби со граѓани и митинзи во поголемите градови. Ветуваат мирна и фер кампања.

Во пресрет на официјалниот старт на претседателската трка, апели за фер и регуларни избори до  кандидатите, политичките партии и граѓаните упати меѓународната заедница, државните претставници и ДИК.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе ги покрива претседателските избори со 279 краткорочни и долгорочни набљудувачи. Тие ќе работат во девет тимови по двајца, кои ќе бидат распоредени низ целата на територија на земјата. На денот на изборите набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги здружи сили со делегациите на парламентарните собранија на ОБСЕ и Советот на Европа.

Новиот претседател ќе можат да го изберат 1.808.131 граѓани со право глас запишани во Избирачкиот список, кој ДИк го заклучи вчера на седница.

На претседателските избори, своето право на глас во странство ќе можат да го остварат вкупно 1.782 граѓани во 32 Дипломатско – конзуларни претставништва и конзуларни канцеларии на Република Северна Македонија во странство.

Според извршената жрепка на ДИК, на гласачкоот ливче Река ќе биде под реден број еден, Силјановска – Давкова под број два, а Пендаровски под број три.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50 отсто од гласовите на сите регистрирани гласачи во Избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40 отсто за гласањето да се смета за важечко.

Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае пет години.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова е редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ по уставно право и политички систем. Силјановска била министерка без ресор во Владата на РМ од 1992 до 1994 година, кога премиер беше Бранко Црвенковски, експерт во Женевската група за заштита на човековите права и слободи и експерт во Обединетите наци.

Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски по втор пат учествува во претседателска трка. Тој  на претходните избори изгуби од претседателот Ѓорге Иванов. Пендаровски бил советник за национална безбедност на претседателот на државата, претседател на Државната Изборна Комисија, советник за надворешна политика на претседателот, а сега е национален координатор за НАТО.

Професорот Блерим Река, кој е поддржан од Алијанса на Албанците и движењето Беса, долг период е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа на Универзитетот во Приштина. Од 2006 година до 2010 беше амбасадор на Македонија во ЕУ. Тој дипломирал на Универзитетот во Приштина. Во 2002 добил титула доктор по меѓународно право.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов завршува на 12 мај 2019 година.

Ова се првите избори по стапување во сила на Преспанскиот договор, со кој е решен спорот за името помеѓу Македонија и Грција и земјата го доби името Република Северна Македонија.

На 21 април во земјава покрај претседателските избори  ќе се одржат и предвремени избори за градоначалници на општините Охрид, Ново Село и Дебар.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе