Демонстрантите, како што ни изјавија од МВР, фрлале со молотови коктели, камења, шишиња, петарди, ја пробија заштитната ограда и стигнаа до полицискиот кордон пред влезот на Собранието.
Но, полицијата ги растера демонстрантите од пред главниот влез и ги потисна на улицата пред зградата на Собранието.
Според неофицијалните информации, има приведени демонстранти, но засега нема потврда од МВР за колу лица се работи.
