Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Трипуновски: Николовски дал градежна парцела под закуп како земјоделско земјиште

Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ одржа нова прес-конференција на која тема е министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според Трипуновски, министерот дал под закуп земјиште со површина од 5.174 метри квадратни метрии крај Дебарското Езеро кое, иако претставува градежна парцела, е дадена како земјоделско земјиште.

Трипуновски рече дека Николовски како министер склучил договор со Екрем Зенго од Дебар, на 14 март со архивски број 68-77107/1 за закуп на земјоделско земјиште на 30 години за подигање на пчелни семејства и  нагласи дека за истото е должен согласно договорот да плати годишна закупнина од 5.745 денари.

„Спорно во целиот договор е тоа што Николовски дава земјиште во градежен реон на самиот брег на Дебарското езеро по смешна цена од 5.745 денари за метар квадратен, каде што пазарната цена на истото изнесува од 50 евра па нагоре, што значи дека целата парцела би чинела над 250 илјади евра. Но, дека се работи за голема измама говори и фактот што јавниот повик 02/21 од страна на министерството што е објавен, кој е склучен и овој договор не се однесува за општина Дебар, туку за останати општини ширум Македонија. Имаме сериозно сомнение дека Николовски свесно прави кривично дело и од позиција на министер ја злоупотребува службената положба и овластување“, рече Трипуновски.

Тој нагласи дека станува збор за трет спорен договор за кој што постојат сериозни идниции дека преку разработен план и шема за евтини пари се даваат градежни парцели на закуп, под превезот земјоделско земјиште.

„Ни на тој начин се отвора можност истите согласно Закон за откуп на земјоделско земјиште, кој што го турка СДС да се откупат за мала сума на пари, која и од далеку не е блиску до реалноста. СДС и Љупчо Николовски треба да знаат дека ниту една бледа реакција нема да ја прикрие нивната вмешаноста во овој криминал. Исклучок може да биде еден случај, но овде гледаме дека станува збор за систем на работа низ цела Македонија. На документите стои печатот и штембилот на министерството, и потписот лично од Љупчо Николовски“, нагласи Трипуновски и додаде дека за индициите за криминал институциите молчат веќе трет ден. 

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе