Трипуновски: Кире Неделковски проневерил 300.000 евра од Сојузот на тутунопроизводители

Кире Неделковски, поранешен функционер на СДСМ и близок човек на Зоран Заев и Оливер Спасовски проневерил скоро 300.000 евра, пари од Сојузот на тутунопроизводители, префрлајќи ги од сметката на здружението на своја лична сметка и на сметки на нему блиски лица, истакна на денешната прес-конференција, Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се изводите од банкарската жиро сметка на Сојузот, од кој јасно се гледа патот на парите. Во период од 01.01.2018 година до 01.10.2018 година од сметката на Сојузот на сметка на пријателот на Зоран  Заев и Спасовски, Кире Неделковски се префрлени 5.544.600 денари. Криминалот на Заев, Николовски и Спасовски, Кире Неделковски започнал во 2017 година, во период од 21.09.2017 година до 27.12.2017 година Неделковски си префрлил 1.099.500 денари.Тоа можете да го утврдиме од следниот извод на банкарската сметката на Сојузот. Криминалот го потврдува и Надзорниот одбор на Сојузот, кој во овој Извештај од 18.10.2018 година, утврдил дека Неделковски во својство на претседател на Сојузот предизвикал финансиска штета во 2018 година, од околу 9.000.000 денари, по што Неделковски е разрешен. Неделковски шемата за испумпување на пари ја правел и преку свои блиски лица, па така од сметката на Сојузот ги полнел џебовите и делел позајмици на својот зет за ќерка, како и на неговите блиски пријатели“, рече Трипуновски.

Тој потенцираше дека криминалот не завршува тука. Откако Надзорниот одбор го разрешува Неделковски, тој во два наврати се враќа на позицијата претседател на Сојузот, затоа што Централниот регистар на Република Македонија под притисок на власт не сака да го впише како официјален потписник новоизбраниот претседател. Со што му се овозможува на Неделковски да проневери дополнителни 9 .000.000 денари од здружението.

„Овој огромен криминал тежок 300.000 евра две години чека на разрешница од Јавното Обвинителство и за органите на гонење на финансиски криминал. Сојузот на 18.10.2018 година поднел и кривична пријава против Кире Неделковски, но реакција во однос на истата нема.Наместо во притвор Неделковски е во слобода и поради нереагирањето на власта му било овозможено да го повтори делото. Сојузот на 09.02.2019 година, пишал и Известување адресирано лично до премиерот Зоран Заев, тогашниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, Државниот инспекторат за земјоделие, Централниот регистар на Република Македонија и Сојузот на стопански комори. Реакција од ниту една институција нема. Што прават Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Јавното Обвинителство повеќе од две години? Дали за Неделковски не важат законите само затоа што е функционер на СДСМ, и близок до Заев, Николовски и Спасовски?Или можеби дел од парите завршиле на „Илинденска“ па затоа се молчи!? Праша Трипуновски.

 

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе