Трифун Костовски: Парите од Еуростандард најчесто завршувале во Струмица, во фирми блиски до СДСМ

Најголем дел од парите на пропаднатата банка Еуростандард оделе во фирми во Струмица, во фирми блиски на СДСМ, парите биле повлекувани како кредити без покритие, вели бизнисменот и сосптвеник на банката Трифун Костовски во интервју за неделникот „Фокус“ . Тој за в понеделник најави конференција за медиуми на која ќе ги објави резултатите од приватната истрага за стечајот во банката.

„Најголем дел од парите завршувале во струмички фирми, фирмите на господинот Крмзов (Ристо Крмзов, струмички бизнисмен – н.з.), кои се 18-19-20 на број и се занимаваат од игла до авион. За мене е непоимливо да имам таков партнер во банката. За Крмзов и неговите фирми и отвореноста на банката кон неговите фирми разбрав во последните 12 месеци пред самиот стечај.

Сѐ уште ни ми е јасно како Крмзов стана најсилен партнер на Еуростандард банка!? Дали блискоста на Петкоски (Николче Петкоски, тогашен директор на банката – н.з.) со тогашниот премиер на Владата, Зоран Заев, беше повод за масовна поддршка на секој бизнис од Крмзов, бидејќи бил близок до премиерот Заев како човек и бизнисмен.

Секако тука влегуваат повеќе фирми од Струмица блиски до СДСМ. Фирмата „Галафарм“ Скопје, исто така, е секаде присутна во таканаречените позајмици на средства што се одлевале од банката. Тие траги на одлеани пари сѐ уште не се детално откриени.... Дел од банките користеа и приватни трансакциски сметки за трансфери без да знаат сопствениците“, вели во интервјуто Костовски.

В понеделник ќе биде презентиран извештај на независната истрага за стечајот од Драго Кос, еден од најеминетните европски експерти во областа на банкарскиот криминал кој го предводеше тимот што ја спроведе независната истрага заедно со експерти од Македонија и од земји членки на ЕУ, пишува во поканата за конференцијата за медиумите.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе