„Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.
Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на Еуростандард банка, а финализирани токму од Народна банка.
По мене мојата колумна објавена на 13 октомври на Инбокс7, Либертас и други портали беше повод за давање зелено светло за Народна банка за покренување на вакви кривични пријави.
Не се плашам, останувам на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, се вели во писмената изјава на Трифун Костовски.