Од Чаир кон Судот и Владата

Тргна протестниот марш со кој се бара ослободување на осудените во „Монструм“

Повеќе стотици граѓани, пред сѐ Албанци, тргнаа денеска во 13.15 часот од паркот во населбата Чаир на протестен марш против пресудите во случајот Монструм.  Под мотото „Правда и слобода“, тие се „вооружени" со знамиња, албански, американски, со транспаренти, сирени и свирчиња и бучно се движат, извикувајќи „Уа за правдата“ и повикувајќи ги и граѓаните на кои наидуваат, да им се придружат. Протестот, како и што беше најавено, започна по петочната молитва во џамиите.

Нивната траса на движење, според најавата од организаторите кои протестот вчера го пријавија во МВР, е преку булеварот кој минува низ Бит пазар да стигнат до Кривичен суд кој ја донесе пресудата против обвинетите за убиството на четирите момчиња и рибарот крај Смилковското езерео, а потоа планирано е протестот да се пресели на платото пред зградата на Владата. Како што изјавија роднини на обвинетите лица, се работи за политички монитран процес и тврдат дека нивните блиски не се извршители на злосторството, туку дека се работи за монтажа од страна на полициски струтури.

Меѓу транспарентите можат да се забележат и такви преку кои се повикува меѓународната заедница да се вклучи во истрага на случајот и да се побара повторување на судскиот процес со набљудување и учество на претставници од ЕУ и САД. Воедно, се бара истрага со странско посредништво и на други „монгирани" процеси уште од 2002 година.

Преку транспарентите се бара слобода за обвинетите, неправосилно осудени лица во предметот Монструм.

На повеќе локации во Скопје забележително е присуството на полицијата со цел да се обезбеди јавен ред и мир.

Според информации од безбедносните структури, посебни мерки на заштита се спроведуваат и кон претставниците на државниот врв и неколкумина министри и челници на институции. Веќе од 13 часот за сообраќај беа затворени неколку сообраќајници во Скопје по кои беше најавено движењето на протестниот марш, за што МВР преку соопштение утрово ги информираше граѓаните за сатницата на затворање на улиците. И дел од градските автобуси од пладне возат по изменет режим на сообраќај, за што од ЈСП Скопје издадоа соопштение во кое се наведени броевите и изменетата траса на движење на автобусите.

Дел од невладините организации на Албанците упатија апел протестот да биде мирен, како и да се запазат здравствените протоколи - држење на дистанца и носење на маски.

Протестот преку медиумите и социјалните мрежи беше најавен во вторникот од страна на роднините на осудените во „Монструм", по објавувањето на пресудата. Обвинетите Алил Демири, Африм Исмаилови и Агим Исмаилови беа осудени на доживотен затвор, Хаки Азири на 9 години затвор, Фејзи Азири на 15 години затвор, додека Сами Љута по барање на обвинителството, беше ослободен.

Инаку, протест беше одржан и по судското рочиште на кое обвинителството побара максимални казни за обвинетите лица. И тогаш протестниот марш тргна од Чаир, а толпата беше пречекана од полицијата пред заградата на Министерството за надворешни работи за да не се дозволи протест пред зградата на Јавното обвинителство. По говорите, за време на кои беше скандирано „УЧК-УЧК", беа упатувани навредливи зборови кон обвинителите, а во голем број не се носеа заштитни маски на лицата, дојде и до инциденти во кои беа скршени прозорци на зградата на МНР и на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и беа превртувани контејнери.
Во полиција потоа биле повикани 14 лица на информативни разговори, а од МВР најавија покрај прекршочните казни и кривични постапки за некои од лицата. Некои од прекршочно казнетите беа заради непочитување на здравствените протоколи за заштита од ширење на коронавирустот.

П.Џ.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе