Протест на ВМРО-ДПМНЕ за струјата, ќе бараат оставка на РКЕ во Комисијата за финансирање и буџет

ВМРО-ДПМНЕ, вечерва по трет пат го подигна гласот против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, за поскапување на струјата за 7,4 проценти.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва пред седиштето на РКЕ во центарот на Скопје, изјави дека Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4 проценти со што директно удира врз стандардот на граѓаните.

„Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови одбегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за ова нерационална одлука. Регулаторната комисија е само обична маша во раце на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат а целта е јасна, да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компани со пари од џебот на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара надзорна расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за поскапување на цената на електричната енергија во услови на економска криза“, рече Јанушев.

На ова надзорна расправа ВМРО-ДПМНЕ, како што најави генералниот секретар на ова партија ќе побара да се разгледа начинот на работа РКЕ, но и начинот на кој се носат овие штетни одлуки по стандардот на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека ова комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на комисијата Марко Бислимовски, е член на СДСМ, дел од партиското на раководство кој е сликан на партиски настани, во партиски простори, кој сега на јавноста и се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација, која народот скапо ја чини“, истакна Јанушев

Воедно од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе побарат оставка на РКЕ и поништување на одлуката за поскапување на одлуката за 7,4 проценти. 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе