Средба на министерката за труд и социјална политика

Тренчевска: Благодарение на борците од НОБ имаме држава

На средба со претседателот на Сојузот на борци, Никола Стојановски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, изразувајќи почит кон борците од НОБ, истакна дека благодарение на нивната храброст и одлучност денес имаме меѓународно призната држава со сите постулати на државност..

„Владата и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со поддршката на претставниците на Сојузот на борци и во новото модерно и современо општество, затоа што значењето на борците од НОБ е големо и тој период останува да биде еден од најзначајните периоди во историјата на државата", се вели во соопштението од средбата.

Тренчевска нагласила дека станува збор и за поддршка во негувањето на традициите, одбележувањето на светлите датуми од Народноослободителната војна и зачувување на споменот на борците.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе