Индекс за перцепција на корупцијата

Транспаренси: Македонија на 87-то место на листата на корупција во 180 земји

Македонија е на 87-то место на ранг листата на индексот за перцепцијата на корупцијата на меѓународната организација Транспаренси. Во околината на Македонија на таа ранг листа се и Косово, Мароко, Танзанија и Суринам. Албанија, Бугарија, Србија и Грција се подобро рангирани.

Транспаренси оваа ранг листа ја објавува од 1995 година во обид да се променат работите на подобро кога се зборува за корупцијата во државите. Овој индекс се базира на перцепцијата на граѓаните за корупцијата во нивната земја и користи експертски проценки и анкети на мислења за да ги рангира земјите врз основа на нивното воочено ниво на корупција. Индексот за перцепција на корупцијата ја дефинира корупцијата како „злоупотреба на јавната моќ за приватна корист“.

Лани беа рангирани 180 земји на скала од 0 до 100. Колку е помал резултатот, толку е покорумпирана таа земја.

Македонија е на 87-то место со 39 бода заедно со Етиопија, Гвајана, Косово, Мароко, Танзанија, Суринам и Виетнам. Пред нас од регионот се Бугарија (78), Црна Гора (64), Хрватска (63), Грција (58), Словенија (41)... На 110 место е Албанија, Босна и Херцеговина, Украина (122)...

Топ 11 најкорумпирани земји во светот се Јужен Судан (11), Сомалија – (13), Сирија (13), Венецуела (14), Авганистан (16), Северна Кореја (16), Јемен (16), Екваторијална Гвинеја (17), Либија...

На врвот на поваа табела, најмалку корумпирани земји се Данска (88), Финска (88), Нов Зеланд (88), Норвешка (85), Сингапур (85), Шведска (85), Швајцарија (84), Холандија (82), Луксебмург (81), Германија (80), Велика Британија (78), Хонг Конг (76)...

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе