Годишен извештај

Транспаренси интернешнл: Македонија на листата на најмалку корумпирани земји е на 107 место

Повеќе од две третини од државите во светот имаат проблем со високо ниво на корупција, се вели во последниот извештај на Транспаренси интернешнл за Индексот за перцепцијата на корупцијата (Corruption Perceptions Index). Македонија на оваа ранг листа е на разочарувачкото 107 место од 180 земји. На првото место е Нов Зеланд, а на последното Сирија.

Во извештајот се анализира нивото на корупција во 180 држави. Оценките одат од 0 до 100. Нов Зеланд, како земја со најмалку корупција има 89 бодови, а Сомалија, Јужен Судан и Сирија имаат 14, 12 и 9 бодови и се на дното на оваа листа.

Македонија е 107 место со 35 бодови. Од регионот Србија е на 41 место, Црна Гора на 64 место, БиХ и Албанија го делат 91 место...

На првите 10 места, земји со најмала корупција во светот се Нов Зеланд, Данска, Финска, Норвешка Швајцарија, Сингапур, Шведска, Велика Британија, Ликсембург, Холандија, Германија, Австралија, Исланд, САД, Австрија, Белгија, Ирска, Јапонија... Русија е на 135 место со 29 бодови...

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе