Во време на вонредната состојба

Транспаренси интернешнел: Некои Уредби на Владата се со ризик од корупција

Од почетокот на прогласената вонредна состојба, Транспаренси Интернешнел Македонија (ТИ-М) издвои неколку Уредби со законска сила донесени од Владата за кои сметаат дека содржат ризик од корупција.

Од ТИ-М укажуваат и бараат од сите надлежни органи и институции навреме самите да објавуваат редовни и ажурирани информации за постапувањата во врска со овие Уредби, да се изготвуваат редовни извештаи кои ќе бидат објавени на веб страната на Владата и на надлежните органи. Исто така, бараат Владата да обезбеди навремено постапување по барањата за пристап до информации од јавен карактер, затоа што во овој период истото се одвива со големи задоцнувања.

Во интерес на градење на доверба од граѓаните во однос на располагање со буџетот и другата финансиска и нефинансиска помош добиена во услови на оваа вонредна состојба, од ТИ-М бараат Владата претходно да ги објавува политиките за прераспределба на буџетски средства како износот, количината и распределбата и сите донации кои се добиени од кој било кој извор.

Уредби со законска сила кои содржат ризик од корупција, според ТИ-М, се: 

1.Уредба со законска сила за примена на законот за заштита на населението од заразни болести во време на вонредна состојба.

Ризици од корупција:

Договорите со хотелите кои ќе изразат интерес на јавниот повик на Владата на РСМ да ги отстапат своите капацитети за државен карантин ќе се спроведат со постапка со преговарање без објавување на јавен оглас.

Трошоците за превоз на лицата од граничните премини во РСМ и од Аеродромот Скопје до објектите на државен карантин се на товар на Владата – ГС, со спроведување на постапка со преговарање без објавување на јавен оглас.

2. Уредба со законска сила за јавно обвинителски службеници, истражителите и другите вработени во јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите и за финансирање на јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите 

Оваа Уредба, според Транспаренси, заслужува внимание од аспект на итноста за нејзино донесување и легитимитетот на оваа Владата да го уреди ова прашање во услови на прогласена вонредна состојба и распуштен Парламент.

3. Уредба со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба – предност при изборот им се дава  на оние понудувачи кои најбрзо ќе достават респираторни машини кои ја исполнуваа спецификацијата. Оваа јавна набавка ќе се следи од страна на ТИ-М.  

4. Уредба со законска сила за изменување и дополнување на уредбата со законска сила за примена на законот за внатрешни работи за време на вонредна состојба

Согласно оваа уредба полицајците – приправници по истек на приправничкиот стаж се смета дека го положиле посебниот, односно приправничкиот испит и истите се распоредуваат на работно место „полицаец“ во МВР.

Се поставува прашањето дали и во каков облик полицајците-приправници во иднина ќе го полагаат овој испит за да го задржат работното место.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе