„Трансмет“ на осомничениот Кочан доби уште еден тендер од ЕЛЕМ

Компанијата „Трансмет“ на Сеад Кочан доби уште еден тендер од државната ЕЛЕМ и со новиот договор една година ќе работи во РЕК Битола. 

Новиот договор за користење на повеќетонската автодигалка која ќе работи во РЕК е вреден над 9 милиони денари (8 милиони денари + ДДВ).

ЕЛЕМ смета дека нема ништо спорно во тоа што имотот и сметките на „Трансмет“ се замрзнати од судот. Тендерот бил спроведен лани, а оценкате е извршена пред отворањето на истрагата на СЈО за Кочан.

„Сите економски оператори имаат еднаков третман, како што е предвидено во законската регулатива. Како договорен орган, АД ЕЛЕМ, има обврска во целост да го почитува законот за јавни набавки и компанијата при спроведување на секоја постапка исклучиво се води според законската регулатива, избира економски оператори кои ги исполнуваат условите предвидени во тендерската документација и имаат најповолни понуди“, соопштуваат од ЕЛЕМ.

СЈО одлучи да не го коментира овој случај, а денеска поднесе жалба на одлуката на Кривичниот совет да не одреди мерка притвор за Кочан, туку да му го одземе пасошот и да ја прифати гаранцијата од околу еден милион евра. 

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе