Собраниска расправа

Трајчевски: Очекував дека Владата ќе ја почитува одлуката на Уставниот суд

Во собраниската расправа за измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски пред пратениците рече дека Владата од формално-правен аспект нема право да дава мислење за работата на АВМУ. Тој рече дека очекувал Владата да ја почитува одлуката на Уставниот суд

Трајчевски нагласи дека клучни нивни активности во 2019 година биле следењето на изборната кампања, организација на Денови на медиумска писменост, и активностите што ги имаше АВМУ поврзани со проблемите и начинот на функционирање на 1ТВ.

„Формално – правно Агенцијата дава отчет пред Собранието. Владата не е таа која дава мислење. Таа пракса се обиде да ја наруши Владата последен пат 2017 година и престана. Еве две години подоцна повторно продолжува со истата пракса. За содржината на самото мислење, кое што кажува дека е негативно во однос на почитувањето и спроведувањето на член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сакам да нагласам дека ставот и активностите, позициите на Агенцијата во однос на член 143 се јавно изнесени и Агенцијата регираше минатата година кога неколку секунди пред распуштање на претходниот состав Собранието во десетина секунди направи чудна измена на член 143. Нашиот став е идентичен со одлуката на Уставниот суд. Најмалку што очекував е дека Владата по одлуката на Уставниот суд во декември минатата година, ќе го повлече барањето бидејќи на ваков начин мислењето на Владата е спротивно на одлуката на Уставниот суд", истакна Трајчевски.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе