Трајче Заев: Јас сум во Обединетите Арапски Емирати, комбето споменато од МВР не е на фирмата, јас сум тука по бизнис

Трајче Заев, братучедот на премиерот Зоран Заев, чие име го поврзува ВМРО-ДПМНЕ со заплената на марихуаната во вредност од 800 000 евра, на својот фејсбук профил наведува дека изнесените работи од опозициската партија не се точни.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви“, пишува Трајче Заев и додава дека е на службен пат во Обединетите Арапски Емирати.

„Јас сум на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка“, додава Трајче Заев.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе