Трајанов: Протоколот е контроверзен, да не се потпишува

Протоколот усогласен помеѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, да не се потпишува, бидејќи е контроверзен и ѝ овозможува на Бугарија директно да се меша во внатрешните работи на Македонија, посебно во идентитетските, историските и образовните прашања, предупредува претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов.

„Протоколот треба што поскоро да се објави за да можат граѓаните и експертите да го разгледаат.  Воедно укажуваме дека за пакетот во кој се содржани повеќе предлог документи, преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ, Акциски план, годишни прегледи и протокол, треба да мине низ широка расправа, за да се слушне гласот на народот. Во текот на оваа расправа, министрите да се воздржат од закани со кривичен прогон на тие што имаат поинакви ставови, потоа со меѓуетнички тензии и сл“, вели Трајанов.

Според него, договорената стратегија за широки консултации треба да се одвива во демократска атмосфера, одговорно и транспарентно.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе