Лидерот на Демократскиот сојуз со изјава за МКД.мк

Трајанов: Одлуката на ЛДП е исправна - и другите партии ќе се двоиме

Милам дека одлуката на Либерално - демократската партија е исправна и дека полека и другите партии ќе се двојат од коалициите, изјави за МКД.мк пратеникот Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз, која партија е дел од коалицијата на СДСМ „Можеме“.

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов вели дека тој и досега, и како пратеник во Собранието и преку јавните настапи, изразувал лични политички ставови и ставои на својата партија, кои не секогаш се исти со тие на СДСМ. Смета дека самостојното делување во парламентот на партиите ќе биде неминовен процес и во другата голема коалиција, таа на ВМРО-ДПМНЕ.

Самостојното делување во парламентот овозможува повеќе процедурални погодности, вели Трајанов и посочува дека во моментов пратениците се ограничени во поглед на барањето за процедурално обраќање, за барање на пауза на седниците, или пак се ограничени и во поглед на давање на реплика на говор на пратеник од коалицијата.

Лидерот на Демократскиот сојуз вели дека самостојното делување на пратениците од различни партии не мора да значи и ситнење на парламентарното мнозинство. Ваквите формални чекори, како што тоа го направи ЛДП, не мора да значат и паѓање на Влада во одреден момент, бидејќи тоа може да се случи и во услови на „цела" коалиција доколку се случат некои крупни настани.

ЛДП инаку, денеска соопшти дека донесе одлука за самотојно делување на своите пратеници Моника Зајкова и Боби Мојсоски, но и дека таа одлука датира од август минатата година, а дека не била реализирана од „објективни причини".
За ЛДП тоа претстатува демократски потег и не е поврзано со дневно - политички теми, а партијата ќе продолжи да ја поддржува Владата преку своите двајца пратеници. „Во наредниот период одлуката ќе се реализира и ЛДП ќе делува како и останатите либерали во парламентите низ Европа", соопшти ЛДП.

Премиерот Зоран Заев и лидер на коалицијата на СДСМ денеска изрази разочараност од потегот на ЛДП.

„Ваквиот исчекор на ЛДП е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап. Не е потребно сега, можело да се почека 15 дена или месец дена, ама ЛДП е партија и сама си одлучува за тоа. Ова го сметам за удар на СДСМ, бидејќи времето не соодветно за таква одлука", изјави Заев.

Инаку, пред ЛДП, самостоен настап остварија и четворицата пратеници на БЕСА, па сега практично, коалицијата на СДСМ „Можеме“ брои 40 пратеници.

П.Џ.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе