Изјава на лидерот на Демократски сојуз

Tрајанов: Бараме оставка од Османи и Маричиќ, а Владата да ја повлече согласноста за францускиот предлог

Претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов побара Владата да ја полече согласноста за прифаќање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето, од членките на ЕУ побара со вето да оневозможат расправа за националистички обоената Преговарачка рамка, но бара оставки пред сѐ од министерот за надворешни работи и од вицепремиерот за европски прашања. Трајанов, чија партија е дел од владејачкото мнозинство, повика граѓаните да го изразат својот револт на разни начини. 

Прво, Владата на Македонија да ја повлече согласноста за прифаќање на Францускиот предлог, во кој на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија, а со Протоколот усогласен помеѓу претставници на двете влади детално се разработува имплементацијата на истата, рече Трајанов и додаде:

„Второ, ги повикуваме земјите членки на Европската Унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања .

ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми.

Трето, со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции.

Четврто, Демократскиот сојуз е против Францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за да види Европската Унија дека овде има силен граѓански -народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет.

Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија“.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе