Предвремени парламентарни избори

Тортевски: „Твоја партија“ како нов политички субјект се соочи со медиумска блокада

Претседателот на „Твоја партија“ Александар Тортевски денеска на прес-конференција се пожали дека како нов политички субјект се соочиле со медиумска блокада од, како што рече, медумите поддржани од владејачките СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Зборувам владејачките бидејќи тие се во една неверојатна спрега и многу добро се разбираат секогаш кога треба да ги делат државните пари, медиумскиот простор и влијанието врз медиумите. На малите партии не им остана ништо, моравме да се снаоѓаме и да се бориме со огромна блокада и за жал не успеваме да се соочиме со вистинските креатори на општественета реалност. ‘Твоја партија‘ не се формираше за да ги спротистави своите ставови со новоформираните политички субјекти, туку да им каже на старите партии зошто чувствуваме потреба дека треба да се формираме“, изјави Тортевски.

Тој додаде дека сакале на ТВ дебати да им постават прашања на лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, но, како што рече, овие партии успеале да ги избегнат одговорите.

Тортевски уште кажа дека денеска на финишот од изборната кампања рече дека има медиумски и институционален молк на изјавата на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, за закани кон неговото семејство. Тоа е едно од прашањата кои сакал да му ги постави на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но не добил шанса, бидејќи медиумите ги игнорирале целосно малите партии во текот на кампањата.

„Сакав да го прашам Заев како ќе ја објасни изјавата на градоначалникот на Охрид дека доколку руши дивоградби, ќе му го убијат семејството. Како сето тоа помина во медиумски молк, како тоа помина во институционален молк и како никој не се сети дека на тој човек треба да му се даде заштита. Зошто никој од одговорните институции не го повика да го праша кој тоа смее да му се заканува и зошто градоначалник на владејачка партија на една од најважните општини во Македонија се чувствува небезбеден во сопствената држава за да не смее да го спроведува законот? Сакав да ги прашам и Заев и Мицкоски како во Музејот има слики кои се преплатени, а на сметка на народот се направени сликите кои се во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ?“, рече денеска Тортевски.

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе