Тортевски прашува зошто немаше меѓународен тендер за 130 милиони евра субвенција за фабрика за електрични возила

Си донел одлука на Влада од џеб да дадеш 130 милиони евра поддршка на концепт за производство за коли во Тетово. Нели биваше да се распише меѓународен тендер? Може Тесла, БМВ ќе се јавеа со повеќе бенефиции за државата. Јави се кај Грујо да ти чува место, му пишува на премиерот авдокатот Александар Тортевски и член на претседателството на партијата Твоја за владината одлука за субвенционирање на 130 милиони евра на фабрика за производство на електрични возила во Тетово.

Тортевски на Твитер прашува како баш нив ги најдовте. „Поминуваа низ Тетово и им се бендиса амбиентот? Каков проблем ќе беше да се објави јавно дека до 130 милиони евра сакаме да помогнеме старт ап компанија и дека ќе ја помогнеме таа што ќе даде најдобри гаранции и што ќе понуди најмногу бенефити за државата.

Со 130 милиони евра што владава ги дава за сомнителен проект за производство на електрични автомобили, во рок од 4 месеци може да се изгради сончева централа со моќност од 220 мегавати. Инаку врвот на СДСМ постојано изјавува дека задача им е да спречат преинвестирање во обновливи извори на струја“, коментира Тортевски.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе