Според членот на бугарскиот дел од комисијата

Топалов: Северна Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ги пушта

Професорот Кирил Топалов, член на Заедничката бугарско-македонска комисија во изјава за БТВ вели дека Белград ја попречува Македонија на патот кон ЕУ, како и дека се потврдила неговата претпоставка дека „Северна Македонија не сака да влезе во ЕУ под изговор дека Бугарија не ги пушта“.

„Белград никогаш нема да ги пушти во ЕУ пред себе, но можеби и Србија, исто така, не сака да влезе во Унијата. Договорот за пријателство и добрососедство, потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија пред четири години, сѐ уште би требало да има ‘тежина‘, бидејќи е официјален договор меѓу две држави и ако се однесуваат сериозно кон меѓународните односи, кон нивната иднина и кон народот, тој би требало се почитува“, додаде тој.

Според Топалов, Северна Македонија за жал не го спроведува договорот.

„Пратениците во Република Северна Македонија изгласаа Резолуција според која Договорот меѓу нашите две земји е бесмислен и ги разнебитува нашите идни односи, бидејќи е чекор назад не само во односите со Бугарија, туку и со Грција. Грчкото општество веќе масовно не го прифаќа Договорот од Преспа и е против него. На Грција ѝ треба само еден обид од Северна Македонија да се врати на ‘антиквизација‘ за да ги расипат односите“, додаде тој.

Како што изјави Топалов, следната седница на Заедничката историска комисија треба да се одржи во втората половина од октомври.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе