Членот на заедничката историска комисија порачува

Топалов: Да не се заблудува македонското општество дека некој ќе ја притисне Бугарија

Бугарија даде и дава безброј докази за добра волја, за желба за плоден политички дијалог, но потребно е да се одговори на ист начин, а не да се води жестока, злобна антибугарска кампања., порачува бугарскиот историчар Кирил Топалов, член на Мешовитата историска комисија. 

Во авторскиот текст објавен во БГНЕС, осврнувајќи се и на последната средба на Комисијата, Топалов вели дека „низ срцата на една третина од бугарското население тече крвта на оние Бугари кои гинеле за слободата на Македонија и нивните потомци никогаш нема да прифатат дека дедовците не им биле Бугари, не зборувале бугарски јазик и не ги дале своите животи со јасна бугарска национална свест”. 

Тој порачува да не се заблудува македонското општество дека Германија, Португалија, Америка, Макрон или некој друг ќе изврши притисок врз Бугарија и ќе ја присили да носи нелогични одлуки. 

„Како што видовме, дури и семоќната г-ѓа Меркел препорача да се разбереме, бидејќи ова е билатерално прашање и можеме само да се потсетиме дека не Бугарија, туку РСМ е кандидат за членство.

Некои ја мешаат Европската унија со Советскиот сојуз којшто ни диктираше не само што да правиме, туку и како да размислуваме. Бугарија е суверена држава и никој не може да ги диктира нејзините одлуки, како што очигледно се надеваат и многу сакаат некои некои од нашите кратковидни роднини преку границата“, вели Кирил Топалов.

За работата на заедничката комисија и македонските колеги Топалов вели дека на почетокот имало впечаток дека тие сакале да се постигне согласност за некои историски прашања, но подоцна станале понеконструктивни, со потврд став, па било невозможно да се води разговор. Тоа, според него, се должело на политичките влијанија врз нив. 

Топалов објаснува дека бугарските членови на историската комисија на почетокот мислеле дека нивните македонски колеги не се доволно историски образовани и имаат малку читано, но потоа сфатиле дека, всушност, причината била политичка – да се блокира работата на комисијата. И дека македонските историчари многу добро ги знаеле  фактите кои ја докажуваат бугарската интерпретација. 

„Тие ги читаат фактите, истражувањата и толкувањата од бугарската и странската историографија како што ѓаволот го чита Евангелието. Го поминавме времето во кое тие очигледно сè уште живеат. За секое фалсификување на историската вистина имаат своја аргументација”, вели професорот Топалов.

Тој дава и некои детали за последната средба на историската комисија. „И кога видоа дека ситните балкански трикови со кои политичарите го измамија своето општество не можат да им се спротивстават на доказите на сериозната наука, тие направија ‘поголем’ обид да ја елиминираат доказната вредност на неоспорните историски факти – тие го прифатија знамето на тнр. ‘мултиперспективен’ поглед на историјата. Вчера и претходниот ден, наместо да направат уште еден обид да дојдат до прифатлив текст за нивните учебници за суштината на царството на Самуил, за Григор Парличев и Гоце Делчев, тие ни доставија апстрактен и нелогичен текст за објаснување за овој ‘мултиперспективен’ историски пристап. Тоа е – вие си велите дека Самуил е бугарски крал, ние ќе продолжиме да ги учиме нашите деца дека тој е Македонец и ги поробил Бугарите, Грците, Албанците и другите околу вас, а вие сте Турци, Татари, Монголи, фашисти, окупатори и сè најстрашно што може да се замисли и така историската вистина ќе биде заштитена“, пишува Топалов.

Обвинувајќи ги македонските колеги од заедничката комисија, Топалов вели дека бугарските членови имаат само една цел, да се покаже историската вистина и тала да се исполнат обврските од Договорот. 

„Нема друга држава и нема друго општество кое како бугарското сака напредок на Република Северна Македонија, затоа што ние не сме им само соседи туку и крвни роднини”, заклучува Топалов. 

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе