За „27 април“

Толпата со стапови и знамиња в раце влезе хистерично во Собранието, сведочеше Атанасов

Заменикот министерот за образование, Петар Атанасов на денешното рочиште во судот за настаните од 27 април раскажа дека преку директен пренос во Собранието гледале како се отвораат вратите и толпата насилно влегува внатре.

Влезот на луѓето во Собранието сведокот го опиша како хистеричен и со голема галама. Целта на толпата, според сведокот, бил премиерот Зоран Заев. Луѓето кои биле дел од толпата во Собранието в раце носеле стапови и знамиња и извикувале погрдни зборови и псовки.

„Беше повредена Милева Ѓоргиева. Знам дека еден човек на околу 30 години, не со многу голема ‘килажа‘, ми помогна да ја симнеме пратеничката по скалите. Пред нас ја носеа повредена Шекеринска и ни кажаа да одиме по нив. Во Собранието судијке бевме заробени сите, не знаевме кој каде е. Сѐ беше блокирано и ни кажаа да седиме внатре, оти не е безбедно“, сведочеше Атанасов.

Тој пред судот рече дека обвинетите кои седат во судница треба искрено и чесно да ѝ кажат на јавноста и на судот кој го организирал сето ова, чиј бил планот и што требало да се случи. Целта, според сведокот, било онеспособување на Заев, а можеби и негова ликвидација.

Сведокот пред судот рече дека на настанот во Собранието му претходеле и заканите од собраниската говорница, а најуверлив од сите во тоа бил Крсто Мукоски.

„Најмногу му верував на Мукоски. Тој беше најуверлив во своите закани кон нас од собраниската говорница. Ми се чини дека ова е сценарио, оти не може да има околу 1.000 луѓе кои потоа за 20 минути се во поголем број и со леснотија влегуваат во Собранието", сведочеше Атанасов.

Тој пред судот раскажа и дека сериозно повредена била Шекеринска која лежела на бела перница, а таа од крв станала за кратко време црвена. Крв имало и низ Собранието.

Денеска по овој сведок во судница треба да сведочат и Хари Локвенец и Кетерина Кузмановска.

К.Д.

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе

Придобивките од дрвјата за урбаниот екосистем и квалитет на воздухот можат да се зголемат со систематско планирање на зелениот простор. Дизајнирањето на зелените простори во градовите треба да ја опфати и функцијата за чистење на воздухот.

повеќе

На Грците не им е важно дали вечно ќе ја нарекуваат соседната земја „Скопје“, или дали соседите утре сами ќе почнат да се нарекуваат „Република на Осамениот Бор“. Она што ним навистина им е важно е како ја нарекува остатокот од светот.

повеќе