Писмо до ОК Карпош на ВМРО-ДПМНЕ

Тодоров: Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете моите

Имам право на тоа. Ако барем малку верувате во четирите свети букви. ВМРО е Демократска Партија за Македонско Национално Единство. Демократска! Ако е така, не само што јас имам право на тоа, туку вие имате обврска, напиша Никола Тодоров, до општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Карпош.

Овој комитет, по налог на Централниот комитет треба да одлучи за или против бркање на Тодоров од патијата. Препораката на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ е исклучување од партијата.

„Имате обврска да ме ислушате, да ми ги предочите вашите факти и докази, но и да ги слушнете мојте. Ова е темелно начело на правдата и еднаквоста и немате никакво право да ми го ускратите тоа.

Затоа барам да ме повикате на состанокот на ОК, да ми ги презентирате фактите и доказите против мене, да ги слушнете моите аргументи, и потоа да ја донесете одлуката.

Да те потсетам Тони, и во социјализмот/комунизмот постоеше и се применуваше ова правило во сите случаи освен кога стануваше збор за политички ликвидации и политички монтирани случаи. ВМРО се бореше против тоа и за жал и самото беше жртва на таквите политички ликвидации и конструкции. Лошо и недозволиво е што и денес, во слободна, суверена, самостојна и демократска Македонија треба да се бориме против истото. Но не е тешко, ништо не е тешко кога се бориш за татковината, ќе се изборам“, напиша на својот фејсбук-профил Никола Тодоров, поранешниот член на ИК на партијата и министер за здравство и за образование.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе