Софија

Тодоров: ЕУ мора да им подаде рака на земјите од Западен Балкан

Би било многу опасно и за Европа и за Западен Балкан, ако земјите од регионот не се интегрираат во Европската Унија (ЕУ) и не ги прифатат европските вредности. Ова за емисијата „Светот е бизнис" на бугарската редакција на Блумберг го изјави Никола Тодоров, поранешен вицепремиер и министер за образование и здравство на Македонија за време на владеењето на Никола Груевски и шеф на реформистичкото крило на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Национализмот ќе продолжи да опстанува во земјите од Западен Балкан додека не пристапат во блокот, рече Тодоров.

„Еден од проблемите во регионот е поврзан и со животниот стандард и побарувачката на можностите за обезбедување на повисок стандард... Ова е тоа што го измачува обичниот граѓанин, а не историјата или потребата да се разменуваат територии“.

Повисокиот стандард на живеење не значи само повисоки приходи, нагласи тој. „Тоа значи и  држава која се организира и работи нормално според сите стандарди... ЕУ мора да ѝ подаде рака на Западен Балкан, за регионот да го постигне тоа".

Во земјите од Западен Балкан клучен проблем е состојбата на демократијата, коментираше во интервјуто Тодоров.

„Треба да почнеме со повторното демократизирање на самите партии и обезбедување на широка дебата за да престане концентрирањето на моќ во рацете на еден човек“.

Според Тодоров, регионот нема алтернатива освен евроатланска и европска интеграција.

„Северна Македонија би имала сериозни проблеми во сферата на безбедноста и политички кризи без интеграцијата во НАТО... Пристапот на земјата во Алијансата дојде во многу важен момент кога зачестија разговорите за размена на територии на Балканот“.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе