Тодор Петров очекува Иванов во ОН да каже дека Договорот со Грција е неважечки

Светскиот македонски конгрес (СМК) најави дека ќе го бојкотира референдумот, а ќе води и кампања „Бојкотирам значи не гласам“. Претседателот на СМК, Тодор Петров вели дека легитимно право е тој граѓанин што е против референдумот и да не излезе на гласање, а ги охрабрува да не се плашат да го направат тоа.

Од СМК, како што кажа денеска Петров, поднеле и приговор до ДИК за заштита на избирачкото право од корупција во јавната кампања, по говорот на премиерот Зоран Заев дека фирмите ќе давале плата плус ако вработените излегле да гласаат на референдумот. Според него, Заев вршел поткуп и заплашување на гласачите, а кривични пријави за несовесно работење поднесени се и до сите членови на ДИК.

„Очекуваме претседателот Иванов во ОН да им каже на сите преку своето обраќање, дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега. Поднесовме кривични пријави против премиерот и министерот за надворешни работи, 69 пратеници во Собранието на РМ, кои гласаа за Договорот со Грција. До Уставниот суд поднесовме две иницијативи, односно поништување на референдумот и правнилникот за одржување на референдумот“, вели Петров, кој тврди дека поднел и пријави до членовите на ДИК поради злоупотреба на службена должност.

Тодор Петров најави дека Светскиот македонски конгрес ќе ги поддржи сите инциијативи за бојкот на референдумот и упати повик за волонтери кои ќе го набљудуваат референдумот.

Светскиот македонски конгрес поднел кривични пријави и против експертите за историските прашања меѓу Македонија и Грција, предводени од амбасадорот Виктор Габер, со задача да се врши ревизија на македонската историја.

Од СМК, како што кажа Петров, доколку се одржи референдумот очекуваат масовна неизлезност, бидејќи Владата „ја лажела јавноста“.

 

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе