Брисел бара брза и транспарентна истрага

Тоа што Јанева е искомпромитирана не мора да значи дека е и цело СЈО, смета ЕК

Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес.

„Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата“, вели за МИА, Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕК.

Таа потсетува дека Собранието го усвои законот со кој се етаблира СЈО и ја назначи Катица Јанева на функцијата специјална јавна обвинителка.

Нејзиниот заменик или заменичка ќе биде назначен согласно релевантните закони на Северна Македонија и Европската Унија немала и нема никаква улога во овој процес, додава портпаролката, запрашана за коментар околу дискусиите поврзани со процедурите за назначување на нов специјален јавен обвинител.

Европската Комисија не ги коментира јавно ниту деталите од преговорите помеѓу власта и опозицијата за иднината на СЈО, ниту случајот „Рекет", но извори во оваа институција кои од блиску ги следат случувањата во Северна Македонија, за МИА велат дека она што е најважно за Брисел како и за земјите членки на ЕУ, е брза, но ефикасна и транспарентна истрага.

Ние не веруваме во личности, туку во институции, велат од Европската Комисија за МИА, на тоа секогаш сме инсистирале во нашите пораки и во нашите извештаи.

„Фактот што Катица Јанева е искомпромитирана не мора нужно да значи дека целата институција е искомпромитирана, сметаат во ЕК, но се разбира, велат, очекуваат истрагата за „Рекет" да ги донесе потребните одговори на дилемите кои се појавија, на брз, ефикасен и транспарентен начин.

Дипломатите во Брисел и функционерите во Европската Комисија, како и јавноста во Македонија, се затекнати од аферата „Рекет" и очекуваат непристрасна истрага, и решение за СЈО кое ќе овозможи да се врати довербата во судството и во правната држава во земјата.

Од ова во голем дел ќе зависи и одлуката за датумот за преговори за Северна Македонија која се очекува во октомври, потсетуваат во Брисел.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе