Грик рипортер: Каква е иднината на Преспанскиот договор?

„Тоа што ЕУ не ги почна преговорите со С. Македонија е индиректна победа на Атина“

Фактот дека ЕУ не ги почна преговорите за пристапување со Северна Македонија многумина го сметаат за индиректна дипломатска победа на Атина. Грција сега може да му се претставува на светот не како оној што ја спречува Северна Македонија да влезе во ЕУ поради нивните билатерални несогласувања, затоа што тоа го прави самата ЕУ, вели Грик рипортер.

Неодамнешната објава за оставка од премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и неговото ветување за одржување предвремени избори, покрена прашања за судбината на Договорот од Преспа, вели грчкиот медиум Грик рипортер.

Минатогодишниот компромис меѓу Атина и Скопје што доведе до официјална промена на името на второто може да дојде во ризик доколку десничарската опозициска партија ВМРО победи на следните генерални избори во Северна Македонија.

Грчки дипломатски извори рекоа дека Атина има цврст став да не се меша во внатрешните работи на другите земји.

Сепак, јасно е дека политичката неизвесност во Северна Македонија може да предизвика загриженост дали балканската нација ќе ја почитува својата посветеност кон Преспанскиот договор или не.

Владата на Киријакос Мицотакис во Грција, позната по силното спротивставување на Договорот од Преспа во 2018 година, сега го смени ставот велејќи дека сака договорот целосно да се спроведе. „Тоа е лош договор, но не можеме да го промениме“.

Така, Грција ги поддржува аспирациите на ЕУ за Северна Македонија, под услов Скопје целосно да го почитува Договорот, вели Грик рипортер.

Од оваа причина, фактот дека ЕУ не ги почна преговорите за пристапување со Северна Македонија многумина го сметаат за индиректна дипломатска победа на Атина.

Ставот на Франција, Данска и Холандија за време на последниот Совет на ЕУ ѝ помогна на Атина, бидејќи Грција не мора да ја игра улогата на „лошиот полицаец“, кој им се спротивставува на европските аспирации на Тирана и Скопје, бидејќи Париз, Копенхаген и Хаг го направија тоа за неа.

Грција сега може да му се претставува на светот не како оној што ја спречува Северна Македонија да влезе во ЕУ поради нивните билатерални несогласувања, затоа што тоа го прави самата ЕУ.

Сега останува да се види во која насока наскоро ќе тргне соседот на Грција и дали Договорот од Преспа ќе остане да важи, како што сакаат сегашните влади на обете држави, завршува Грик рипортер.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе