ТМРО: Министерството за правда не дозволува вештак да утврди зошто државата не исплаќа пари за некои партии

Од политичката партија ТМРО, обвинуваат дека на нивно вешто лице не му било дозволено да влезе во Министерството за правда, за да утврди зошто веќе 6 години не се врши исплата на средства за ТМРО.

„Ја известуваме македонската јавност, како и сите амбасади на странски држави во Македонија, дека Министерството за правда денес во 10 часот не дозволи влез на вешто лице кое требаше да утврди зошто веќе 6 години не се врши исплата на средства за ТМРО по основ на член 10 од Законот за политички партии, според кој државата единствено и без никакво образложение не постапува согласно закон.
Од страна на вештите лица ангажирани од ТМРО треба да се утврди и на кој политички субјект незаконски се исплаќани паричните средства наменети за ТМРО во периодот 2014-2017. За ваквото незаконско финансирање и оневозможување на нормално функционирање, ТМРО писмено го извести и претседателот на Владата, а денес ќе бидат известени и меѓународните претставници во земјата“, истакнуваат од партијата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе