ТМРО покренува иницијатива пред Уставниот суд за владината уредба за финансирање на партиите

Ванчо Шехтански, претседател на партијата ТМРО смета дека Уредбата на Владата донесена на 22 јуни за финансирање на политичките партии во 2020 година е неуставна.

Со неколку уредби повредени се основните слободи и права на човекот и граѓанинот во делот на слободното здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања, согласно член 20 став 1 од Уставот на РСМ.

„Со наведените уредби се оневозможува остварување на политичките слободи и права на граѓанинот, на начин што со Уредбата во член 2 предвидува намалување на вкупните средства за годишно финансирање на политчките партии за фискалната 2020 година на износ од 0,04% од вкупните изворни приходи на Буџетот на РСМ. Тоа значи дека од законски регулираната обврска на РСМ во износ од 0,015% со Уредбата се скратуваат буџетските средства за тековно финансирање на 0,04% што е скоро четири пати помал износ.

На тој начин се доведува во прашање опстојувањето и тековното финансирање на политичката партија за тековната 2020 година со оглед дека истите имаат редовно вработени и пријавени лица во АВРМ како и користење на канцеларии под закуп заедно со режиски трошоци во секој град и населено место во државата“, пишува во иницијативата.

Според Уставот уредбите со законска сила може да траат до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието. „Уредбите бр.44-6068/1 и бр.44-6213/1  се незаконски и неуставни затоа што се донесени во месец јуни 2020 година и не можат да предвидат воена или вонредна состојба во текот на 2020 година. Во член 126 став 2 во Уставот многу прецизно се наведени овластувањата на Владата да донесува уредби со законска сила до завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието.

Уставниот суд на РСМ по спроведувањето на предвидената постапка во согласно со член 10 став 1 точка 2 да поведе иницијатива за уставноста и законитоста на Уредбите бр.44-6068/1 од 19.06.2020 година и бр.44-6213/1 од 22.06.2020 година донесени од техничката влада на РС Македонија и примената на истата итно да ја запре и укине“, пишува во иницијативата.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе